Расчистени 19 случаи на кражба на електрична енергија во Струмица | Правдико

Правдико

   

Расчистени 19 случаи на кражба на електрична енергија во Струмица

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

mvrСВР Струмица поднесе кривични пријави против 19 лица од Струмица и струмички села поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“. Кражбата во домовите на сите 19 пријавени лица е откриена во текот на јануари и февруари 2016 година при редовна техничка контрола од страна на вработени во ЕВН Македонија. Кај сите пријавени било констатирано дека преземаат нерегистрирана количина електрична енергија  без мерна опрема, а со пресметка од ЕВН – КЕЦ Струмица утврдено е дека сите заедно причиниле материјална штета во износ од 327.019 денари.

Од пријавените најголема штета, во износ од 63.808 денари, причинил К.И. (57) од с.Перталинци. После него е лицето В.А. (55) од с.Баница со причинета штета од 47.856 денари. Со пресметка е утврдено дека штетата причинета кај Н.Т. (79) од Струмица изнесува 38.285 денари. Шеесет и шестгодишната К.Д. од с.Моноспитово со кражбата причинила материјална штета од 19.142 денари, додека пак четириесет и деветгодишниот Б.В. од с.Габрово со кражбата причил материјална штета од 15.952 денари.  Утврдено е дека девет лица причиниле идентична материјална штета од 12.762 денари. Тоа се лицата М.Е. (60) од с.Василево, Џ.И. (40) од с.Свидовица, В.Ѓ. (57) од с. Просениково и С.К. (59) , Ј.И. (54), М.М. (22), Ш.Р. (40), У.Р. (39), Н.И. (59), сите од Струмица.  Останатите пет лица со кражбата на електрична енергија причиниле материјална штета помала од 10.000 денари. Кај Е.И. (31) од с.Свидовица утврдена е штета од 8.508 денари, кај лицето С.С. (35) од Струмица штетат е со износ од 7.976 денари, кај Г.Ѓ. (44) од с.Василево причинетата штета е во износ од 5.137 денари, кај А.Б. (55) од Струмица 4.254 денари, додека пак лицето А.А. (44) од с.Старо Балдовци со кражба на електрична енергија причило материјална штета во износ од 1.063 денари.

Препорачуваме

Партнери на Правдико