Расчистени 24 кривични дела, кривична пријава за измамникот и помагателот | Правдико

Правдико

   

Расчистени 24 кривични дела, кривична пријава за измамникот и помагателот

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.
Секторот за внатрешни работи Тетово до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против 44-годишниот тетовец Р.М.(44) од Тетово, поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „измама“, предвидено и казниво по член 247 од Кривичниот законик и против С.Ш.(45) од с.Копаница, скопско, поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „помагање“ предвидено и казниво по член 24 во врска со член 247 и во врска со член 45 од Кривичниот законик и расчисти 24 измами.

Имено, првопријавениот Р.М., во периодот од ноември минатата година до втората половина на јануари годинава, претставувајќи се како бизнисмен од Турција, со приказни за наводно случени сообраќајни несреќи, телефонски измамил повеќе лица вработени во фирми од Бугарија, Србија, Албанија и Косово. Пласирајќи им лажни приказни дека нивни вработени, најчесто возачи, загинале или се тешко повредени во сообраќајни несреќи и дека се потребни пари за погреб или лекување, тој успеал да се стекне со противправна парична корист од околу 9000 евра. Парите преку филијали на извесна фирма ги подигнувал С.Ш. и потоа му ги давал на Р.М., а тој, пак, за услугата му плаќал од 50 до 100 евра.

Препорачуваме

Партнери на Правдико