Правдико

   

Расчистено убиството во Кочани, притворен син за убиство на таткото

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Одделението за криминалистичка полиција при СВР Штип, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани, во содејство со Секторот за општ и насилен криминал, единица за крвни и сексуални деликти при МВР до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против Д.С.(30) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Убиство“ .

Пријавениот кривичното дело го извршил на 30.09.2019 околу 05.00 часот во семејниот дом на ул.„Климент Охридски“ во Кочани, при што со нож му нанел убодни рани во пределот на градите на неговиот татко В.С.(55), кој по кратко време од здобиените повреди починал. Претходно, Д.С. пријавил дека неговиот татко физички ја нападнал неговата мајка Н.С.(46). Д.С. е приведен во Полициска станица, а од судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Партнери на Правдико