Расмунсен: Пресудата во Хаг не е применлива за одлуките на НАТО | Правдико

Правдико

   

Расмунсен: Пресудата во Хаг не е применлива за одлуките на НАТО

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Пресудата пред меѓународниот суд на правдата се однесува единствено на билатерални односи меѓу Скопје и Атина и таа како таква не е применлива во одлуките на НАТО. Токму затоа одлуката што ја донесе НАТО во Букурешт е заедничка одлука на сојузниците од алијансата и таа одлука не се однесува врз билатералните односи помеѓу двете земји. Ова е изјавата која генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, денеска ја кажа во Скопје веднаш по средбата со премиерот Никола Груевски.

655-402-rasmunsen

На оваа изјава на првиот човек на НАТО кој по втор и последен пат доаѓа во посета на нашата држава, бидејќи на крајот на септември си заминува од функцијата премиерот Никола Груевски му возврати дека ние како земја ќе настојуваме да го решиме прашањето околу спорот со името со нашиот јужен сосед.

– Ние ќе настојуваме да го решиме прашањето што нашиот јужен сосед кое тој го оспори пред повеќе од 20 години. Но морам да напоменам дека ова решение не зависи само од Македонија туку тоа зависи и од другата страна – рече Груевски.

Премиерот истакна дека поканата на Македонија за членство во НАТО е добро дојдена на самитот на алијансата но таа исто така може да се случи секоја недела на состанокот на амбасадори на земјите членки.

Освен со Груевски за време на еднодневната посета, генералниот секретар на НАТО оствари средби и со министерот за надворешни работи Никола Попоски и министерот за одбрана Талат Џафери.

На средбите, тој беше запознат со статусот на прогресот на Република Македонија, во однос на имплементацијата на реформските процеси во земјата, а со основна цел упатена кон целосна евро-атлантска интеграција и забрзано остварување на членството во НАТО.

Судејќи според досегашните најави тој во текот на денот треба да се сретне и со лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Во меѓувреме Расмусен нема да се сретне со претседателот на државата, Ѓорге Иванов кој замина во повеќедневна посета на Рим, каде ќе земе учество на манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“.

Иако во функција на самитот во септември и кризата со Украина, т.е. Русија, посетата пред е проштална, како дел од пошироката балканска турнеја која ги опфати и Црна Гора и БиХ вчера – трите земји кандидати за членство во алијансата од регионов.

Инаку, по септември на функцијата генерален секретар на НАТО ќе се најде уште еден Скандинавец, поранешниот премиер на Норвешка Јенс Столтенберг, преставник на земја која ја нема хипотеката на ЕУ бидејќи не е членка во неа.

Автор:Александар СрбиновскиИзвор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико