Распишана потерница по осомничениот за убиството во Охрид | Правдико

Правдико

   

Распишана потерница по осомничениот за убиството во Охрид

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.
91180На барање на Основниот суд Охрид, Министерството за внатрешни работи преку Бирото на Интерпол – Скопје распиша меѓународна потрага по Бојан П. (30) од Охрид, осомничен за сторено кривично дело „убиство“.
На 21 август 2014 година околу 23 часот и 20 минути во Охрид, во хотелот „Император“, осомничениот Бојан ги застрела сопственикот на хотелот Васил Р. и Ромео Ѓ.

Според досегашните сознанија, Бојан заедно со Р.С. од Охрид, отишол во хотелот каде почнал расправија со Ромео околу паричен долг, по што извадил пиштол и пукал кон него.
Ромео, повреден, станал и бегал кон рецепцијата, каде се наоѓал сопственикот Васил, при што Бојан повторно пукал, погодувајќи го и Васил. По настанот, Бојан и Р.С. избегале со патничко возило „БМВ“, се наведува во соопштението од МВР.
Извор: 24 Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико