Распитот за „Тортура“ одложен за 14 Јули
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Распитот на шестмината осомничени во случајот „Тортура“ што го покрена Специјалното јавно обвинтелство што требаше да се одржи денеска, е одложен за 14-ти овој месец.
Основниот суд Скопје 1 соопшти дека распитот е одложен по барање на осомничените кои побарале дополнително време за увид во предметот кој не им бил овозможен во обвинителството.
– Распитот по однос на предлогот на СЈО за определување мерки за претпазливост – Забрана за преземање на определни работни активности поврзана со кривичното дело, за шестмината осомничени, со решение на судија на претходна постапка, а по согласност на странките во постапката кои беа присутни на денешното сослушување, се презакажува за 14.07.2016 година, се наведува во соопштението од Основниот суд Скопје 1.
Извор: Утрински Весник