Расправата за СЈО продолжува во Собранието, на пладне пленарна седница | Правдико

Правдико

   

Расправата за СЈО продолжува во Собранието, на пладне пленарна седница

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

katica-janeva-sobranie zvrlevskiСобраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, продолжува во понеделник со расправата за Извештајот за активностите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за вториот шестмесечен период од постоењето на ова Обвинителство, во периодот од 15 март до 15 септември годинава.

Комисиската расправа за Извештајот на СЈО почна во средата минатата недела, а во
Петокот беше прекината поради приватни обврски на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Според координаторот на пратеничката група на СДСМ Горан Сугарески, одолговлекувањето на расправата за Извештајот на Јанева е со цел никогаш да не стигне на дневен ред извештајот на државниот обвинител Марко Зврлевски кој исто така е на дневен ред на собраниската комисија.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски смета дека опозицијата влегува во операција „бегство“ со цел да се обиде да ја спаси Јанева од отчетност.

Во расправа по Извештајот на Јанева имаше бурни реакции, при што власта бараше Јанева да го образложи и финансискиот Извештај по ставки, бидејќи според нив постои сомнеж за околу милион и пол евра искористени пари од СЈО во нејасни цели.

На дневен ред на Комисијата е и Годишниот извештај за работата на Јавните обвинителства во Република Македонија за 2015 година.

Извештаите  на СЈО и на Јавните обвинителства се на дневен ред и пленарната седница за кажана за 12 часот.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико