Расте бројот на барања за амнестија – 38 лица досега побарале судот да ги помилува
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Вкупно 38 обвинети и осудени лица за настаните од 27 април во Собранието поднеле барање до кривичниот суд за амнестија, потврдија од Основниот суд Скопје 1 за „Макфакс“.
Оттаму додаваат дека овие 38 барања за амнестија се испратени до одделот за организиран криминал и корупција и до одделот за кривично полнолетни.
Тоа значи дека амнестија за 27 април побарале и дел од веќе правосилно, но и неправосилно осудените лица.
Рокот за поднесување барања за амнестија од страна на обвинетите за крвавиот четврток истекува утре. Дека ќе бараат амнестија досега кажаа пратеникот Крсто Мукоски, Никола Митревски Кољо, Оливер Радулов, Младен Додевски, а најверојатно и пратеникот Сашо Василевски и Александар Василевски Нинџа. Јане Ченто и Игор Југ, пак, кажаа дека нема да бараат амнестија.
Извор: Макфакс