Расте поддршката за СЈО | Правдико

Правдико

   

Расте поддршката за СЈО

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Специјалното јавно обвинителство продолжува да ужива голема поддршка, од 53 отсто, со тоа што нејзиниот рејтинг порасна за 2 отсто во споредба со анкетата од ноември минатата година, покажува најновата анкета спроведена од Меѓународниот републикански институт – ИРИ во март годинава. Дури 57 проценти од испитаните одговориле дека не постои правна држава во Македонија.

Поголемиот дел од граѓаните очекуваат од новата влада да создава нови работни места (38 отсто), да ѝ стави крај на политичката криза (29 отсто) и да ја развива економијата на земјата (32 отсто).

Најмала доверба во јавноста има Државната комисија за спречување корупција, каде веруваат само 15 отсто од граѓаните. Потоа следуваат политичките партии со 16 отсто доверба, судовите (21), медиумите (21) јавното обвинителство (22), собранието (23), Државната изборна комисија (25), општините (28), владата (29), здравствениот систем (36), претседателот на државата (38 отсто), специјалното јавно обвинителство (39) додека највисока доверба има образовниот систем, со 42 отсто.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико