Расветлени 11 кривични дела „тешка кражба“, приведени двајца крадци | Правдико

Правдико

   

Расветлени 11 кривични дела „тешка кражба“, приведени двајца крадци

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

По добиени оперативни сознанија од страна на полициски службеници од СВР Штип на 08.09.2021 лишени се од слобода М.А.(33) од Штип и П.И.(25) од с.Црвулево, општина Карбинци, поради постоење основи на сомнение дека сториле 11 кривични дела „тешка кражба“ од куќи на подрачјето на Штип и с.Црвулево, од каде одзеле разни предмети. Дел од предметите кои се предмет на кривичните дела се пронајдени, одземени и вратени на оштетените граѓани.

По комплетирање на случаите против М.А. и П.И. ќе бидат поднесени соодветни пријави до Основното јавно обвинителство.

Препорачуваме

Партнери на Правдико