Правдико

   

Расветлено кривично дело „Насилство“ во угостителскиот објект „Казабланка“

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во врска со настан од 27/02/2016 кога во угостителски објект „Казабланка“ физички беше нападнато лицето Т.П., од страна на СВР Скопје се преземаа интензивни мерки и активности за идентификување на инволвирани лица и расчистување на кривично правниот настан.

mvr

На 03/03/2016 година во ПС ОН „Бит Пазар“ беа повикани лицата Ќ. М. (64), Е. Б. (55), А. А. (53), И. Г. (52) и Б. А. (41), Е. Б. (32), А. Е. (37), Б. Љ.  (28) и Х. А. (34) сите од Скопје. На поканата не се јавија само А. Б. и И. Г..

Во извршените разговори со лицата, истите изјавија дека на 27/02/2016 година биле присутни во угостителскиот објект, каде се случи кривично правниот настан.

Истиот ден во ПС ОН „Бит Пазар“ во присуство на Јавен Обвинител беше извршено соочување помеѓу оштетениот и лицата Е. Б. (32), А. Е. (37), Б. Љ. (28) и Х. А. (34).  При тоа, од страна на оштетениот лицата Е. Б. и А. Е. беа посочени како лица кои биле во групата која физички го нападнала на  27/02/2016 година во угостителскиот објект „Казабланка“ заедно со лицето А. Б..

По извршените консултации со Јавен Обвинител, Единицата за насилен криминал, во текот на денот, ќе поднесе кривична пријава против Е. Б., А. Е. и А. Б. поради основано сомневање дека се сторители на кривично дело „Насилство“ предвидено и казниво по член 386 од КЗ. Исто така, по дадена насока од ЈО Е.Б.  и А. Е.  се лишени од слобода, па ослободени со обврска во текот на утрешниот ден да се јават  кај Јавниот обвинител.

Партнери на Правдико