Ратификуван договорот за признавање на возачките дозволи со Србија | Правдико

Правдико

   

Ратификуван договорот за признавање на возачките дозволи со Србија

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

zastava srbije - srpska zastava - srpski grb- grb srbije - 1882На собраниската седница одржана на ден 27.10.2014 година, Собранието на РМ го ратификува договорот меѓу македонската и српската Влада за реципрочно признавање на возачките дозволи, како и Договорот меѓу Република Македонија и Република Италија за социјална сигурност.

Од ратификацијата на договорот за возачките дозволи со Србија директен бенефит ќе имаат граѓаните и на двете земји поради фреквентното движење и честото преминување на границите. Вакви договори за реципрочно признавање на возачките дозволи Република Македонија има потпишано Со Шпанија, Албанија и неколку други земји, меѓутоа со земјите од Југоисточна Европа каде граѓаните на Македонија најчесто патуваат вакви договори или воопшто нема или пак истите се во фаза на иницијатива или изработка.

Договорот меѓу Република Македонија и Република Италија за социјална сигурност опфаќа определување на старосна, семејна и инвалидска пензија, здравствено осигурување на работниците и корисниците на пензија, како и членовите на нивните семејства, право на паричен надомест за време на невработеност и право на детски додаток.

Договори од ваков тип досега Македонија има склучено со Хрватска, Турција, Словенија, Бугарија, Германија, Чешка, Бих, Холандија, Полска, Белгија, Луксембург, Канада, Австралија. Во фаза на иницијатива за ваков тип договори се со Албанија, Словачка, Шведска, Франција и Унгарија.

Автор: м-р Лилјана Јоноски

–ПРАВДИКО–

Препорачуваме

Партнери на Правдико