Разбиена мрежа на трговија со луѓе во 22 европски земји | Правдико

Правдико

   

Разбиена мрежа на трговија со луѓе во 22 европски земји

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Најмалку 107 лица се уапсени поради трговија со луѓе и илегална миграција, а идентификувани се 910 потенцијални жртви во операција спроведена од страна на Европол. Акцијата била спроведена во 22 европски земји, во период меѓу 26 јуни и 2 јули, за сузбивање организирани криминални групи кои се занимавале со трговија со луѓе поради сексуално експлоатирање.

Низ полициска соработка, координирана преку Европол, а предводена од Австрија, извршени се проверки на 126.927 лица и 6.363 возила, како и 4.245 локации.

Посебно внимание е посветено на интернетот, преку кој биле убедувани и нудени жртвите на сексуална експлоатација, се наведува во соопштението.
Собраните информации во текот на акцијата овозможиле започнување 25 нови истраги во Европа.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико