Разбиена петчлена криминална група во рамки на акцијата „Мрежа“ | Правдико

Правдико

   

Разбиена петчлена криминална група во рамки на акцијата „Мрежа“

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

IMG_2792На 23-ти овој месец по спроведена повеќемесечна истрага , Секторот за недозволена трговија со дрога при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал реализираше случај на недозволена трговија со наркотична дрога, при што во моментот од  слобода  се лишени пет лица, македонски државјани сите членови на криминална група. Според досегашните документирани сознанија оваа криминална група подолг временски период наназад се занимавала со недозволена трговија и препродажба на кокаин низ улиците на Скопје. Имено кокаинот го препродавале како на дилери така и директно на наркозависници по цена од 60-70 евра за грам.

Истиот го набавувале од западноевропските земји и преку различни канали во внесувале на територија на Република Македонија. Во рамки на акцијата која е дел од оперативната обработка “Mрежа” запленети се 20 грама кокаин, вага, ПМВ Голф 5, пиштол со три рамки и 15 куршуми, повеќе SIM картички и мобилни телефони, а од осомничените времено одземени се и парични средства во износ од 40.000 евра.

IMG_2838Според планираните активности за реализација на случајот при обид М.Р.(38) од Скопје да биде лишен од слобода, истиот со ПMB „Голф 5“ и совозач А.М.(27) се дале  во бегство од индустриската зона Визбегово преку обиколница Скопје во правец нa Тетово. Во текот на бегството М.Р. со своето возило удрил во полициското возило. Од страна на полициски службеници на осомничениот му бил даден јасен знак за запирање кој не го испочитувал, по што од нивна страна најпрвин биле испукани предупредувачки истрели во воздух, а откако М.Р. повторно не го испочитувал предупредувањето било пукано кон возилото со цел онеспособување на истото. Возилото е запрено на обиколницата пред с. Сарај при што од возилото се лишени двајцата осомничени.

Досега, во рамки на оперативната акција „Мрежа“ кривично пријавени се над 185 лица, а запленети се над 525 најразлични видови на наркотична дрога

Препорачуваме

Партнери на Правдико