Разбирање на човековите права | Правдико

Правдико

   

Разбирање на човековите права

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Тежнеењето кон заштита на човековото достоинствона сите човечки суштества се наоѓа во средиштето на концептот на човековите права. Тој концепт го поставува човекот во центарот на вниманието.

Human-Rights

Тој се заснова врз заеднички универзален систем од вредности посветен на светоста на животот и обезбедува рамка за изградба на систем на човекови права, заштитен со меѓународно-прифатените норми и стандарди. Во текот на 20-тиот век, човековите права се развија во морална,  политичка и правна рамка и станаа водечка насока за развој на свет ослободен од страв и немаштија.

Член 1 од Универзалната декларација за човекови права (УДЧП), усвоена од Обединетите нации во 1948 година, се однесува на главните столбови на системот на човекови права, односно слободата, рамноправноста и солидарноста. Слободите, како што се на пример слободата на мисла, совест и вероисповест, како и слободата на уверување и изразување се заштитени човекови права. На сличен начин, човековите права гарантираат рамноправност, какоштое еднаквата заштита од сите форми на дискриминација во остварувањето на сите човекови права, вклучувајќи ја и целосната рамноправност меѓу жените и мажите. Солидарноста гиопфаќа економските и социјалните права, какви што се правото на социјална сигурност, праведно плаќање за трудот и соодветен стандард на живот, здравје и достапно образование, коишто се составен дел од рамката за човекови права.

  „Сите луѓе се родени слободни и еднакви во достоинството и правата. Тие … треба да дејствуваат заемно во духот на братството.“ –  Член 1 од Универзалната декларација за човекови права. 1948  година.

Овие права детално се претставени во пет поглавја како политички, граѓански, економски, социјални и културни човекови права, коишто се правно уредени во два паралелни меѓународни пакта, кои се надополнуваат на УДЧП и на тој начин го одредуваат Законот за човекови права.

human-rights-chart-16241994„Сите човекови права за сите“ беше мотото на Светската конференција за човекови права во Виена во 1993 година. Човековите права ги оспособуваат и им даваат моќ на поединците и на заедниците да бараат трансформација на општеството во насока на целосно остварување на сите човекови права.  Судирите треба да се разрешуваат по мирен пат, врз основа на владеењето на правото и во рамки на човековите права.  Меѓутоа, човековите права можат да се преклопуваат едни со други; тие се ограничени со правата и слободите на другите или поради потребите за заштита на моралот, јавниот  ред и општата благосостојба во едно демократско општество (член 29 од УДЧП). Човековите права на другите мора да се почитуваат, не само да се толерираат.

Човековите права не смеат да се користат за прекршување на други човекови права (член 30 од УДЧП);  па така, сите судири мора да се разрешуваат со едновремено почитување на човековите права и покрај тоа што во време на вонредна состојба и во екстремни случаи може да се наметнат одредени ограничувања.  Затоа, сите, жени, мажи, млади и деца, треба да ги знаат и да ги разбираат своите човекови права како релевантни за нивните проблемии стремежи. Ова може да се постигне преку едукација и изучување на човековите права, која може да биде формална, неформална или неофицијална.

Разбирањето на принципите и постапките сврзани со човековите права ги оспособува луѓето да учествуваат во одлуките коишто ги одредуваат  нивните животи, да дејствуваат во насока на разрешување на судири и одржување на мирот, раководејќи се од човековите права, а сето тоа претставува остварлива стратегија за човеков, општествен и економски развој во чие средиште се наоѓаат луѓето. Едукацијата и изучувањето на човековите права (ЕЧП) треба да ги спроведуваат сите фактори или засегнати субјекти, како граѓанското  општество,  владите и меѓународните компании. Преку изучување на човековите права може да се развие вистинска „култура на човековите права“, заснована врз  почитување, заштита, исполнување, спроведување и практикување на човековите права.

Правото на едукација од областа на човековите права може да се изведе од член 26 од УДЧП, според кој „Секој има право на образование. […] Образованието е насочено кон целосен развој на човековата личност и кон јакнење на почитувањето на човековите права и основните слободи…“.

Во Резолуцијата 49/184 на Генералното собрание од 23 декември 1994 година, со која се прогласи Декадата за ЕЧП на Обединетите нации,  се истакнува: „… едукацијата од областа на човековите права треба да вклучи повеќе од обезбедување информации и треба да претставува сеопфатен доживотен процес, преку кој луѓето на сите нивоа на развој и од ситеслоеви на општеството ќе учат да го почитуваат достоинството на другите, како и начините и методите како да се обезбеди такво почитување во сите општества.“

Извадок од Прирачник за едукација од областа на човековите права/etc-graz.at

–ПРАВДИКО–

Препорачуваме

Партнери на Правдико