Разбојник нападнал старица на пазар во Скопје | Правдико

Правдико

   

Разбојник нападнал старица на пазар во Скопје

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Разбојник нападнал осумдесетгодишна жена на еден од градските пазари во Скопје. Тој сакал да ја ограби, но бил спречен од страна на случаен минувач кој го совладал и го задржал сè додека на местото не пристигнала полиција.

Скопското обвинителство соопшти дека осомничениот ја турнал жената и ја влечел по бетонот, по што избегал. Граѓанин, кој се нашол на местото на нападот, го фатил разбојникот и го задржал сè до доаѓање на полицијата.

Судот на осомничениот му определи притвор во времетраење од 30 дена.​

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико