Разбојник одзел 100 илјади денари од тетовска аптека
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во текот на вчерашниот ден во тетовска аптека лоцирана на улицата 29 Ноември маскирано лице извршило разбојништво.
Како што информираат од МВР, разбојникот околу 22 часот со закана со пиштол од вработените одзел околу 100.000 денари, по што побегнал во непознат правец.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Извор: Макфакс