Разбојник ограбил таксист, други ограбиле пицерија | Правдико

Правдико

   

Разбојник ограбил таксист, други ограбиле пицерија

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Разбојник под закана со пиштол од таксист украл 1.000 денари, а други вооружени разбојници, нападнале и претепале вработен во пицерија во Куманово, по што украле 16.000 денари.

kradec1

Како што соопшти полицијата, во четвртокот околу 22.40 часот на улицата „Ташко Караџа“ непознат сторител извршил разбојништво над В.Д. (42) од Скопје, вработен во такси компанија, кој бил со автомобил „рено флуенс“. Сторителот со закана со пиштол од оштетениот одзел околу 1.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.

Во петокот наутро, пак, околу 3.20 часот во Куманово на улицата „11-ти Октомври“, во пицерија две непознати маскирани лица извршиле разбојништво над вработениот. Сторителите, од кои едниот вооружен со пиштол, влегле внатре и физички го нападнале вработениот, удирајќи го со тупаници и клоци во пределот на главата, при што му одзеле околу 16.000 денари.

По настанот сторителите избегале. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико