Разбојник со пиштол му се заканувал на вработен во билетарница на ЈСП | Правдико

Правдико

   

Разбојник со пиштол му се заканувал на вработен во билетарница на ЈСП

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Вооружен разбојник барал пари од вработен во билетарница на ЈСП во Скопје. Вработениот побарал помош преку радиоврска, а разбојникот се исплашил и избегал.

Според информациите на МВР, вчера, во 15.30 часот, од страна на диспечер од Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), во полиција било пријавено дека во билетарница на ЈСП на ул. „Љубљанска“ во Скопје непознат сторител извршил разбојништво во обид.

„Сторителот со закана со пиштол побарал пари од вработениот. Вработениот одбил да му даде пари и по радиоврска побарал помош. Во тој момент сторителот избегал“, соопшти МВР.

Полцијата трага по разбојникот.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико