Разбојништво во канцеларија на „Брза пошта“, одземени 680 000 денари | Правдико

Правдико

   

Разбојништво во канцеларија на „Брза пошта“, одземени 680 000 денари

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во текот на вчерашниот ден во раните утрински часови во канцелеријата на „Брза пошта“ на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје засега непознат сторител извршил разбојништво, соопштија од полицијата.

Од МВР информираат дека лицето со закана со пиштол од вработената одзел 680 000 денари и побегнал. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико