Разбојници нападнале 28-годишен скопјанец и му го демолирале автомобилот
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Синоќа на паркинг на скопската улица Роберт Кох, додека 28-годишен скопјанец го паркирал својот автомобил, во кој била и неговата 27-годишна сопатничка, четири непознати лица почнале со безјбол-палки да го кршат возилото.
Кога возачот излегол од автомобилот, бил физички нападнат од разбојниците. На неговата сопатничка, поради вознемиреност, ѝ била укажана лекарска помош во Градската општа болница „8 Септември“.
Полицијата извршила увид и презема мерки за расчистување на настанот.
Извор: Макфакс