Разбојници ограбиле маж на булеварот Партизански одреди во Скопје
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Двајца разбојници нападнале и ограбиле маж на булеварот Партизански одреди во Скопје. Нападот се случил вчера околу 23.15 часот.
„Едното лице на А.Џ. (43) му одзело чанта, во која имало околу 400.000 денари,по што побегнало, а другото лице не успеало да избега бидејќи во близина на местото бил фатен од полициски службеник кој не бил на должност и кој случајно бил на местото“, велат од МВР.
Приведеното лице е С.А.(18) од Скопје. По неколку часа, бил уапсен и другиот разбојник, Ш.П. (24) од Скопје.
Извор: Макфакс