Правдико

   

Разгледана жалбата на вработен во Агенцијата за разузнавање обвинет дека посредувал да гласаат луѓе од Пустец

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во Апелациониот суд денеска беше разгледана жалбата на Мунир Пепиќ, вработен во Агенцијата за разузнавање, обвинет во предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство за изборни измами и манипулации.

Пепиќ, кој е поранешен вработен во полициската станица Центар, ја обжали одлуката на Кривичниот суд со која му беше одземен пасошот и со која му беше наложена обврска еднаш неделно да се јавува во суд.

СЈО во претходна постапка извршило и претрес во неговиот дом. Тој бил посочен од една од осомничените, со иницијали Ј.Г., и од двајца сведоци, Ф.С. и А.Е., како човек кој имал најголем удел во целокупната активност на носење лица на групно фотографирање за незаконски лични карти.

Адвокатката Сања Алексиќ рече дека остануваат на жалбата на обвинетиот да му бидат укинати мерките на претпазливост донесени од првостепениот суд.Обвинетиот Мунир Пепиќ рече дека знае за кои кривични дела се товари и дека не мисли да бега. Тој рече дека пасошот му е потребен за службени патувања.

Тој пред судот рече дека се вратил од службено патување за да го донесе пасошот. Обвинителот Гаврил Бубевски рече дека Мунир Пепиќ нема цврсти врски само со македонски државјани туку има цврсти врски и со граѓани од Пустец и од Косово. Бубевски праша: „Ако Пепиќ работи во Агенција за разузнавање, зошто му е тогаш пасошот?“

Обвинетиот рече дека се јавувал на сите покани од СЈО, а дека неговите патувања секогаш траат по ден-два. Пред него, во Апелациониот суд беа разгледани жалбите на други пет обвинети во предметот „Титаник“.

В. Маглешов

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико