Размена на книги и книжевни муабети во повеќе градови низ државата
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Фејсбук групата `Размена на книги и книжевни муабети` https://www.facebook.com/groups/1624632414415400/, веќе долго време активно се залага да ја накрене читачката култура на повисоко ниво, при тоа промовирајќи и организирајќи разни книжевни настани, издавачки куќи( со некои имаме и соработка, наградни игри и специјален попуст за читателите), писатели (кои исто така повремено знаат да ги наградат членовите), но најголемо внимание е посветено на размената на книги.
Токму на овој начин тие сакаат да ја поттикнат љубовта кон книгите, со размена на наслови што би сакале и останатите да ги прочитаат без при тоа да очекуваат нешто за возврат.
,,Воедно, за да ја олесниме размената помеѓу читателите и полесно да ја постигнеме нашата цел, организираме настани „Размена на Книги и Книжевни Муабети“ низ целата држава. Но во склоп на групата имаме и `Клуб на читатели` и `Поетско читање`. Со задоволство би сакале да се пофалиме дека во изминатиот период од година дена имаме одржано над 50 настани, а се надеваме дека таа бројка постепено ќе расте.
На наше изненадување бројот на заинтересирани присутни читатели се зголемува со секој настан, а книжевните муабети не застануваат. Позитивно искуство е и тоа што ни се вклучуваат и помалите градови и веќе стануваат се поактивни.” – стои во нивното соопштение.
Размена во Тетово (06-ти Април)
https://www.facebook.com/events/565081257324286/?ti=cl
Клуб на читатели во Скопје (06-ти Април)
https://www.facebook.com/events/818919095107283/?ti=cl
Размена во Скопје (06-ти Април)
https://www.facebook.com/events/371470913690114/?ti=cl
Размена во Струмица (06-ти Април)
https://www.facebook.com/events/638485013250931/?ti=cl
Размена во Струга (06-ти Април)
https://www.facebook.com/events/2260901593973743/?ti=cl
Размена во Куманово (13-ти Април)
https://www.facebook.com/events/550113842165479/?ti=cl
Поетско читање-2 во Скопје (13-ти Април)
https://www.facebook.com/events/2213760538684102/?ti=cl
Размена во Битола (14-ти Април)
https://www.facebook.com/events/510328262830060/?ti=cl