Правдико

   

Разрешени уште 15.000 државни службеници во Турција

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

8498246046_439899204b_zТурските власти, во рамките на акцијата за пресметување со пучистите, разрешија уште 15.000 државни службеници, воени лица, полицајци и други административни работници и затворија повеќе од 500 институции за кои се претпоставува дека се поврзани со неуспешниот обид за државен удар извршен на 15 јули.

Како што јавуваат светските медиуми, официјална Анкара разрешила 1.988 припадници на турските вооружени сили, 7.586 лица од полицијата, 403 од редовите на жандармеријата, а во државните институции се сменети повеќе од 5.000 лица.

Досега затворени се повеќе од 550 институции, 18 добротворни организации и девет медиуми, а по воениот пуч разрешени се 110.000 лица.

Извор: МЕТА.мк

Партнери на Правдико