Правдико

   

Реакции по пресудата за убијците на Саздовски

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Таткото на убиениот Никола Саздовски, Тони Саздовски по пресудата во Кривичниот суд на по 19 години затвор за двајцата обвинети за убиството на неговиот син, рече дека не може да каже дека не е задоволен од казната.

“Од ова видовме дека колку толку правдата може да биде задоволена и се надевам дека некој повисок суд нема да ја преиначи, туку ќе ја остави истата”, истакна Саздовски.

Братот на обвинетиот Бесир Беља, Бесар Беља,пак, рече дека не се задоволни од одлуката и дека ќе се жалат на апелација.

”Видовме дека се уште нема правда во Македонија, ова е премногу и е еднострана пресуда”, истакна Бесар Беља.

Бесир Беља и Скендер Демири денеска добија по 19 години затвор за убиството на 20-годишниот Никола Саздовски -Саздо кој беше претепан лани по што почина. Пресудата на обвинетите им ја изрече судијката Даниела Алексовска-Стојановска, која рече дека се виновни затоа што заеднички на свиреп начин го лишиле од живот Саздовски. Двајца од напаѓачите, Беља и Демири, се во притвор во затворот „Скопје“ во Шутка, а за трето осомничениот, кој сè уште е недостапен за органите на прогонот, е распишана домашна и меѓународна потерница.

Извор: Радио слободна Европа

Партнери на Правдико