Реакција на ЗАМП: За наша музика, за светска музика! | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

Реакција на ЗАМП: За наша музика, за светска музика!

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

zamp_0Реакцијата ви ја пренесуваме во целост:

За наша музика, за светска музика!

Десет дена по забраната за јавно емитување музика од авторите во Република Македонија, чии колективни права ги штити Здружението за заштита на авторски музички права (ЗАМП) и четири дена по забраната што ја изрекоа српските автори, застапувани од СОКОЈ, со реакција се јави Министерството за култура на РМ. Но, наместо да донесе решение со кое ќе го потврди легитимното работење на ЗАМП, надлежното Министерство во наметка од јагнешка кожа апелира „состојбите во оваа област да се решаваат преку заемна соработка и конструктивен дијалог меѓу авторите и корисниците“.

Институцијата која направи раздор во областа на остварувањето на авторските  музички права сега се појавува како божемен помирувач, иако истровремено инсистира Владата по секоја цена да му ја одземе лиценцата за работа на ЗАМП.

Но, да одиме по ред.

Во својата реакција од 01.10.2016 година Министерството за култура пишува дека „Одлуката на ЗАМП, со која се забранува емитување на авторски музички дела по пат на радиодифузно емитување „е нејасна и неразбирлива и не кореспондира со фактичката состојба во колективното управување со авторското право“ затоа што Одлуката „не ја темели на законски основи“.

Не веруваме дека Министерство, како предлагач на Законот за авторското право и сродните права (ЗАПСП), кој е усогласен со сите меѓународни конвенции, не знае што пропишува тој правен акт (цитираме):

  1. На авторот му припаѓа авторското право над неговото авторско дело со самото создавање на делото“ (Член 17 став 2)
  2. Авторското право е единствено право и е неразделно од авторското дело. (Член 20 став 1)
  3. Авторското право содржи исклучиви морални права, исклучиви материјални права и други права, определени со овој закон. (Член 20 став 2)
  4. Авторот ги има следниве исклучиви морални права: – право на признавање на авторството; – право на објавување; – право на заштита на интегритетот на делото и – право на откажување. . – Авторот не може да се откаже од моралните права  (Член 21)
  5. Авторот има исклучиво право да дозволи или забрани користење на неговото дело, или негови примероци од други лица, освен во случаи определени со овој закон. (Член 26 став 2).
  6. Авторот може да го раскине договорот, односно да ја повлече дозволата или друг пишан акт за пренесување на материјалното право, доколку носителот на исклучивото право во недоволна мера го користи или воопшто не го остварува, а од тие причини интересите на авторот значително се оштетени. (Член 74 став 1)
  7. Носителите на авторското право и на сродните права можат да ги остваруваат правата определени со овој закон индивидуално (одделно за секое авторско дело, односно предмет на сродно право), лично, односно преку застапник или колективно (заедно за повеќе дела или предмети на сродни права и за повеќе носители на правата) преку организација за колективно управување со правата, на начин и под услови определени со овој закон.(Член 129 став 1).
  8. Авторот односно носителот на правото може со изјава за изземање (забрана) од колективно управување заверена кај нотар доставена до организацијата за колективно управување да забрани организацијата за колективно управување да го управува неговото право.“ (Член 130 ст. 3)
  9. Изземањето (забраната) од колективно управување, носителот на правото го врши со поднесување писмена изјава заверена кај нотар, на образец утврден и донесен од страна на Собранието. Изземањето, влегува во сила од наредната претсметковна година. (Член 36 став 2 од Статутот на ЗАМП)

Зошто тогаш Министерството и понатаму да ја замајува јавноста? Забраната што ја донесоа авторите која, повторуваме, не е популарна мерка, произлегува токму од неприкосновеното нивно право да дозволат или да забранат емитување на нивните дела. Според тоа, таа е јасна, разбирлива и целосно кореспондира со авторското право. Авторите, кои се најзаинтересирани да се користи нивната музика, бидејќи само на тој начин ќе остваруваат приходи, свесно се откажаа од приходите што ги остваруваат од јавното изведување на нивна музика за да го иразат својот револт и несогласување со потценувачкиот и деградирачки однос што им го наметнува Министерството за култура преку фаворизирањето на тарифникот на СОКОМ МАП.

ЗАМП во целост постапува според законските одредби, вклучително и кон обврските спрема авторите и обврските спрема корисниците на авторски дела, за разлика од СОКОМ-МАП. Затоа, во најмала рака е нејасно како Министерството за култура утврдило дека СОКОМ МАП го почитувало законот кој го уредува авторското право и постапката која претходи на отпочнување со колективно управување, па дало согласност на општите акти за работа на организацијата (статутот), иако тоа здружение на својата интернет страница објавило неважечки статут?

Доколку Министерството навистина сака да го унапредува авторското право, не треба да ги охрабрува корисниците на музика да шират лаги за ЗАМП, туку да ги потсети на членот 139 од ЗАПСП, кој пропишува (цитираме):

Висината на надоместоците за користење, доколку со овој закон поинаку не е определено, се определуваат со: 1) општ договор меѓу организацијата и здруженијата на одделни категории корисници, односно нивните комори што го претставуваат мнозинството корисници (општ договор); 2) поединечен договор меѓу организацијата и поединечен корисник (поединечен договор) и 3) општ акт на организацијата за определување за висината на надоместоци за користење.

Напоменуваме дека од 2008 година ЗАМП воопшто не ја зголемил висината на надоместоците за користење на авторски музички дела (Правилник со Тарифа).

На авторите им е сосема јасно кон што води тактиката на Министерството за култура со тоа што одолговлекува со давањето согласност на предлог-тарифата на ЗАМП. Но, се надеваме дека ќе се раководи од вистината и од правото и врз основа на тоа ќе донесе решение со кое ќе ја врати музиката меѓу корисниците. Не само македонската музика, не само српската, туку и музиката од  регионот и пошироко, чии права ги застапува ЗАМП.

Здружение за заштита на авторски музички права

ЗАМП Скопје

Извор: ЗАМП

Препорачуваме

Партнери на Правдико