Правдико

   

Реакција од Здружението на судска администрација до директорката на Академијата за судии и јавни обвинители

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Screenshot_3Здружението на судска администрација на Република Македонија по повод искажаниот став на директорот на Академијата за судии и јавни обвинители,  Г-ѓата Анета Арнаудовска, даден во интервју за МИА на ден 27.11.2015 година реагираат дека во самото интерјву се дадени аргументи за кои тие не се согласуваат. Поради тоа одлучија со отворено писмо да го искажат својот став за проблемите со кои се соочува судската администрација

 

Во писмото стои:

Почитувана Г-ѓо Арнаудовска,

Audiatur et altera pars – Нека се слушне другата страна!

Ова многу важно  правно начело за кое веруваме дека Ви е добро познато, гарантира дека ниту една страна  нема да  биде ,,осудена,, без претходно да и се даде можност да се изјасни и да одговори на било какви наводи на спротивната страна.

Пред се би сакале да потенцираме дека Здружението на судска администрација, години наназад успешно остварува добра соработка со Академијата за судии и јавни обвинители, најмногу при организирањето на семинари и работилници  наменети за судската служба во судовите во РМ, а под Ваше покровителство.

И покрај овој непобитен факт, по даденото Ваше интервју за МИА на 27.11.2015 година, произлегува дека за вработените во судовите од групата на стручни судски службеници ( Судски советници, Судски соработници, помлади судски соработници,  во натамошниот текст- Стручни соработници)  кои работат долги години во судовите во сите инстанци во нашата држава, Вие сте заради што  чувствуваме за потребно пред пошироката јавност да обезбедиме  примена  на погоренаведеното начело, за јавноста да ја слушне  и нашата страна

Во името на сите стручни соработници,  сметаме дека неправедно и неосновано ја навредивте оваа група на судски службеници поради Вашиот јавно искажан став дека стручните соработници во судовите се ,,незаинтересирани за стручно доусовршување и дообразување и не се заинтересирани да го следат светскиот тренд на постојано континуирано усовршување и едукација,,.   Неправедно е што сите стручни соработници ги ставате во ист кош. Исто така неаргументирано во Вашето интервју наведувате дека стручните соработници вработени во судовите  ,,се мислат околу условите за запишување во Академијата, додека други учат,,

Почитувана  Г-ѓо Арнаудовска, соработката помеѓу нашето здружение и Академијата, егзистира и се гради токму поради потребата од постојано и континуирано стручно усовршување на судската служба.  И Вие самите добро знаете дека уште од моментот на основањето на Академијата, во 2006 година, стручните соработници се едни од најчестите посетители на организраните семинари, работилници  и други стручни обуки кои се организираат во Академијата, а се во име на  стручно усовршување и едукација . Многу често , заедно со судиите. Судејќи по тоа што Академијата , стручните соработници, ги повикуваше заедно со судиите да учествуваат на стручни обуки на исти теми и во исто време и место , сметам дека се согласуваме  околу фактот дека разликата помеѓу избраните судии и стручните соработници се само двата прсти при гласањето за избор на судија.

Со Вашата изјава дека стручните соработници ,,се мислат,, околу условите за упис во Академијата додека други учат, како да сакате да кажете дека истите се незаинтересирани за било каква стручна едукација, а со тоа незаинтересирани и да ја градат кариерата во судовите и дека немаат амбиции за нивно унапредување  во судии.

Не, напротив, стручните соработници и советници се всушност неколку стотини добро обучени кадри кои и те како можат најодговорно да се зафатат со стручната судиска работа и успешно градејќи ја кариерата низ годините работен стаж, да се стекнат и збогатат со  знаење од судиската пракса, за кое верувам и Вие добро знаете дека неможе да се замени со ниту една симулација на судење во  образовна институција како што е Академијата. Стручните соработници не губат време во мислење, туку работат, вложуваат интелектуален труд при своето работење заради што и бараат да имаат еднакви  права со останатите заинтересирани кандидати при упис во Академијата по однос условите за стекнување на Уверение за судија.

Дипломата за завршен Правен Факултет е доказ за завршени правни студии за секого, било каде во светот, меѓутоа, судската пракса која се гради низ годините и стекнатите сертификати за стручно образование и едукација се богатство заради кое треба да се цени пред се квалитетот на стручните кадри во судовите, а не нивното постоење на некој начин да се анулира како загубена генерација или колатерална штета во процесот на реформи во правосудството. Повеќето од судските советници и соработници имаат над десет години работно искуство во судовите во сите инстанци

Судските стручни соработници се добро подготвен квалитетен  стручен кадар кој постојано и континуирано се обучува и едуцира и единствено што  е потребно е да го добие заслужениот еднаков третман со останатите потенцијални кандидати заинтересирани за упис во Академијата за судии и обвинители, како би обезбедиле праведен и фер третман при стекнување на престижното Уверение за судија.

Досега, до сите надлежни државни институции се упатени безброј  молби и барања за промена на законската регулатива која ги пропишува условите и постапката за упис во Академијата за судии и обвинители, а се во насока на воспоставување праведен  систем на упис за заинтересираните кандидати во Академијата, но безуспешно.

Очекувавме барем Вие, која ја започнавте Вашата кариера исто како и нас, како  стручен соработник и токму  под условите кои и ние сега ги бараме, станавте судија,  да покажете разбирање и да бидете прва меѓу нас еднаквите. Да покажете разбирање за нас стручните соработници, во насока  дека практичното знаење кое се стекнува низ долгите години на работен стаж поминати преку директната соработка со судиите, не е мерливо по квалитет  со било каква симулација на судење или теоретска едукација  која се добива на Академијата. Притоа, не го негираме никако значењето и учеството на Академијата во постојаното стручно усовршување, но напротив силно го поддржуваме  и сметаме дека е неопходно потребно за сите нас кои имаме важна улога во вршењето на судската функција (преку помагањето и вистинската стручна соработка со судиите при изработувањето на судиските одлуки, учеството на судењата, следењето на сите законски промени и воопшто учеството во градењето на судската пракса во Република Македонија).

Уште еднаш напоменуваме дека е потребно да се  воспостави нов модалитет за избор на судии во кој сите би биле еднакви , затоа што еднаквоста и праведноста која ја бараме ни ја гарантира Уставот на РМ. Во нашиот случај еднаквоста и праведноста не се застапени.

Се надеваме имате разбирање дека ние стручните соработници  не сме против уписите на постдипломски студии и  учењето на светски јазици, ја разбираме потребата на законодавецот за пропишување посебни услови за стекнување на статус судија на Основен суд, но ваквите посебни услови треба да бидат еднакви и за оние родени во седумдесетите и почетокот на осумдесетите и оние помладите. Острите критики кои ги упативме заради воспоставување на новите критериуми за избор на судии се поради фактот што законодавецот ,,ја заборави,, цела една генерација правници за кои вратите на Академијата се сега затворени, без можност за упис и учество на оглас за прием на почетна обука во Академијата.

Ве уверуваме, дека го следиме светскиот тренд на кој се повикувате во Вашето интервју и дека досега,  од основањето на Академијата во 2006 година,  речиси цела деценија се доедуцираме и ги следиме обуките организирани од Академијата, но … за разлика од кандидатите кои Правниот Факултет  го завршиле според ЕКТС, голем број стручни соработници кои работат во судовите учеле во временски период  кога  Правниот факултет функционирал согласно  тогашните законски прописи за високо образование, кога не бил воспоставен ваков ЕКТС. Никој од нас кои сме завршиле Правен факултет во деведесетите, не треба да сноси вина или да има грижа на совеста дека е помалку образован од сегашните правници кои го завршуваат факултетот според ЕКТС 3+2. Напротив.

Дали сметате дека тоа е грев или дека овие генерации треба  уште еднаш , под сегашни услови да го завршат правниот факултет?

Што доколку по неколку години повторно се промени системот на образование?

Зар би имало некаква смисла повторно да се докажуваме меѓусебно кој од нас е пообразован правник?

Како би се натпреварувале во тој случај, секој според гледањето на работите од свој агол?

Тоа е недозволиво и неправедно, заради што би сакале да Ве потсетиме на познатата мисла на Мартин Лутер Кинг дека ,,Неправдата било каде, е  закана за правдата секаде…па што и да влијае на едното директно, влијае на се, индиректно.

Со почит,

Здружение на судска администрација
на Република Македонија

Партнери на Правдико