Реализиран проект на тема: ,, Заштита од зависност на дроги, алкохол и цигари“ од областа на превенцијата во Оддел за гранични работи и миграции | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

Реализиран проект на тема: ,, Заштита од зависност на дроги, алкохол и цигари“ од областа на превенцијата во Оддел за гранични работи и миграции

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Преставници на Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, Оддел за гранични работи и миграции  во соработка со  Регионалните  центри за Гранични работи  и Одделенијата за превенција во Секторите за внатрешни работи и Министерството за образование и наука (Директори од Основни и Средни училишта) организираа  заедничка активност од областа  на превенцијата на тема: „Заштита од зависност на дроги ,алкохол и цигари “.

mvr

Проектот има превентивен и едукативен карактер, се со цел младата популација (учениците од основните  и средните  училишта) да бидат запознаени со најчестите причини  и  опасности од користење  и употреба на  дрога ,алхохол и цигари.

Од страна на Регионалните Центри за Гранични работи (Север ,Исток Југ и Запад),  во соработка со Секторите за внатрешни работи, во текот на изминатиот месец одржаа  седум едукативни средби со ученици во просториите на основните  и средните училишта, на  кои истите  беа запознаени со терминот  дрога, опојна дрога, депресивни средства, видови на дрога, карактеристики кои ги носат зависниците, последиците и кривичните дела поврзани со дрогата.

Исто така, преку презентацијата, на присутните ученици им беше укажано за штетните последици (здравствени, психолошки, семејни, социјални, училишни и финансиски кои настануваат при употребата на дрогата), законските одредби на Кривичниот законик на Р.Македонија и санкции за лицата кои ги чинат овие кривични дела.

Покрај штетните последици по здравјето на младите луѓе кои можат да ги предизвикаат илегалните дроги,  се истакнаа и штетните последици кои можат да ги предизвикаат кафето, тутунот  и  алкохолот.

Целта на проектот е јакнење на превентивната улога на полицијата преку проактивен пристап-соработка со заедницата, да се  зголеми превенцијата околу  злоупотребата  на дрогите и личната заштита на  најмладата популација.

Извор: МВР

Препорачуваме

Партнери на Правдико