Ребалансот на буџетот пред пратениците | Правдико

Правдико

   

Ребалансот на буџетот пред пратениците

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranie na rmСобранието на Република Македонија треба да почне расправа за новиот ребаланс на Буџетот за 2016 година, денеска, во рамки на 117. седница.

Со ребалансот се предлага обезбедување дополнителни 35 милиони евра за обесштетување на поплавените во невремето од 6 август.

Приходите во Буџетот се непроменети и остануваат на ниво на проекцијата од 174.291 милион денари. Расходите се зголемуваат од 195.472 милиони денари на 197.410 милиони денари, а се зголемува и буџетскиот дефицит од 3,6 на 4 проценти и ќе изнесува 23.119 милион денари, наместо 21.181 милион денари.

Ова е втор ребаланс на Буџетот годинава. Првиот беше направен во јули годинава.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико