Ребалансот на буџетот пред собраниската Комисија за финансирање | Правдико

Правдико

   

Ребалансот на буџетот пред собраниската Комисија за финансирање

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во Собранието на Република Македонија денеска почнува расправата по новиот ребаланс на Буџетот за 2016 година, кој се предлага за да се обезбедат средства за целосно обесштетување на штетите од поплавите од 6 август годинава.

30082016075714_web_sobranie

Со ребалансот, по кој почнува расправа во собраниската Комисија за финансирање и буџет, се предлага обезбедување дополнителни 36,4 милиони евра за целосно обесштетување на поплавените.

Приходите во Буџетот се непроменети и остануваат на ниво на проекцијата од 174.291 милион денари. Расходите се зголемуваат од 195.472 милиони денари на 197.410 милиони денари, а се зголемува и буџетскиот дефицит од 3,6 на 4 проценти и ќе изнесува 23.119 милион денари,  наместо 21.181 милион денари.

Ова е втор ребаланс на Буџетот годинава, кој беше направен во јули годинава.

За ребалансот на буџетот денеска треба да се изјасни и Законодавно-правната комисија. Закажена е седница и на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, чии членови треба да расправаат за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Државниот инспекторат за земјоделство, во второ читање.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико