Правдико

   

Речиси 300 казни за возачи на подрачјето на град Скопје

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Одделението за безбедност на сообраќајот при СВР Скопје на вчера од 6:00 до 24:00 часот спроведе акциска контрола за откривање возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило.

Притоа, санкционирани се 78 возачи кои ја пречекориле брзината. Откриен е и 61 останат прекршок за кои се издадени 29 мандатни платни налози и 32 прекршочни платни налози.

Вчера од 14:00 до 24:00 часот санкционирани се 22 возачи на мотори, а откриени се и 127 останати прекршоци за кои се издадени 86 мандатни платни налози и 41 прекршочен платен налог.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико