Речник на правни поими (второ издание)
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Второто издание на речникот на правни поими претставува збир на дефиниции на правни поими и фрази од македонското законодавство, внимателно избрани со цел нивно полесно разбирање и употреба во секојдневниот говор и работа.
Со дополнителни 1500 правни термини и 300 нови латински правни изреки, ова издание содржи вкупно 3500 правни поими и 590 популарни латински правни изреки.
Покрај дополнувањето со нови правни термини и латински правни изреки, ова издание содржи и трет дел ,, Ознаки на судски уписници” составен од кратенки со кои се означуваат и евидентираат судските предмети, поделени по вид на суд и по вид на област. Азбучното подредување на овие кратенки заедно со нивното значење има за цел да користи како корисна алатка за брзо пребарување на значењето на кратенките, посебно за судската администрација, судските преведувачи, адвокатите како и за сите институции и компании при комуникација со судските органи.
Дефинициите на правните поими потекнуваат од скоро сите правни области правејќи го овој речник одлично помагало за во Вашата канцеларија. Исто така речникот наоѓа голема примена кај студентите, посебно оние кои го изучуваат правото и постојано се среќаваат со нови правни поими.
Автор: Адвокат м-р Александар Георгиев – Калица
Издавач: Институт за истражување и европски студии – Битола
Година: 2017
ISBN: 978-608-65840-2-3
Број на страници: 501