Редакциите на Дневник и Утрински весник стапуваат во штрајк | Правдико

Правдико

   

Редакциите на Дневник и Утрински весник стапуваат во штрајк

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Вработените во редакциите на дневните весници Дневник и Утрински Весник на Друштвото за услуги Медиа Принт Македонија ДООЕЛ – Скопје стапување во штрајк. Ваква одлука донел извршниот одбор на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници -ССНМ и синдикалните претставници на синдикалните групи на ССНМ во редакциите на овие весници.

„Откако на сите обиди за средба и преговори на вработените за исплата на плата за декември не само што не е одговорено туку вработените веќе  не се ниту здравствено осигурени, тие решија и формално да ја започнат процедурата за штрајк. Проблемот со платите на вработените во МПМ тлее неколку месеци, Синдикатот се обидуваше да најде заеднички јазик со раководството, меѓутоа и покрај сите заложби и ветувања од негова страна, многу малку беше направено да се излезе во пресрет на нашите членови и затоа револтот резултираше со одлука за штрајк“, се вели во соопштението од ССНМ.

Според информациите од ССНМ, на вработените во наведените медиуми досега им беа намалувани платите под изговор дека економската состојба во земјата е лоша. Притоа компанијата не понуди доказ дека се намалуваат надоместоците и за менаџерскиот тим. На сите средби со раководството ССНМ постојано предупредуваше дека паѓањето на тиражите не е последица на лошото работење на новинарите и медиумските работници туку на менаџирањето кое го урна кредибилитетот на весниците што беа лидери во индустријата на печатените медиуми и вистински креатори на јавното мислење.

Одлуката за штрајк, неговиот почеток и начинот на негово спроведување согласно одредбите од Законот за работни односи, им е доставена на менаџментот на МПМ.

Извор:24 Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико