Референдумот во Богданци е успешен, граѓаните се против рудници во општината | Правдико

Правдико

   

Референдумот во Богданци е успешен, граѓаните се против рудници во општината

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Референдумот  на граѓаните на Богданци, „за“ или „против“ рудници во општината е успешен. На 12 избирачки места излегоа над 50 отсто од запишаните 6.918 граѓани со право на глас.

Граѓаните сметаат дека треба да се слушне гласот на народот за проекти кои ќе имат влијание врз животната средина.

Населението денеска се изјаснуваше за две референдумски  прашања, дали да се стопира изградбата на рудникот „Казандол“ во Валандово и дали да се за или против отварање на рудници и рударски комплекси за метали и минерали во нивната општина.

Богданци е втората општина каде се спроведува рефендум, откако и жителите на Гевгелија кажаа не за отварање рударски комплекс на планината Кожуф.

За стопирање на рудникот „Казандол“ идната недела ќе гласаат и жителите на Дојран, додека Валандовчани ги доставија потребните потписи општинските власти да распишат референдумско изјаснување.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико