Референдумот во Република Српска закана за БиХ | Правдико

Правдико

   

Референдумот во Република Српска закана за БиХ

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

6AA73280-1572-4428-9C9A-E60AB3A5F6E2_w640_r1_sПратениците во Народното собрание на Република Српска по предлог на претседателот на РС Милорад Додик одобри одржување референдум за надлежностите на Судот и обвинителството на Босна и Херцеговина врз Србите во таа земја. Ваквиот потег, според меѓународната заедница, претставува отворен предизвик за интегритетот на босанската држава.

Американската амбасада во Сараево веднаш го осуди гласањето како акт на „корумпирани сили“, предупредувајќи дека би можело да бидат преземени мерки против „оние што се одговорни за креирањето на оваа политичка провокација.“

Во април, владејачката партија на Додик најави дека ќе бара референдум во 2018 година за отцепување на Република Српска, доколку на регионот не му бидат дадени поголеми овластувања. Во своето обраќање пред парламентот Додик оцени дека сараевскиот суд бил пристрасен против православните Срби. Референдумот треба уште да се помине во горниот дом на регионалниот парламент.

Извор: Радио слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико