Референдумот за „Казандол“ денеска на дневен ред во Валандово | Правдико

Правдико

   

Референдумот за „Казандол“ денеска на дневен ред во Валандово

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Откако Советот на општината Валандово не доставил официјален одговор во законскиот рок од три дена за предлог-иницијативата за собирање потписи за референдум на здружението „Спас за Валандово“, денеска е закажана седница на Советот, а на дневен ред е ставен и овој предлог.

Според членот 76 од Законот за референдуми, доколку во предвидениот рок од 3 дена претседавачот не одговори на предлагачот на иницијативата и предлогот го стави на точка на дневен ред, се смета дека предлогот е неуреден. Во Законот, подетално, пишува дека кога претседателот на советот ќе утврди дека иницијативата е во согласност со членот 75 став (3), во рок од три дена за тоа ќе го извести овластениот предлагач. Кога претседателот на советот ќе утврди дека иницијативата е неуредна, прашањето во врска со иницијативата ќе го стави на дневен ред на првата наредната седница на советот, но не подоцна од 15 дена од денот на утврдувањето на неуредноста на иницијативата.

Советот со заклучок треба да утврди дали иницијативата е уредна.

– Ги охрабруваме советниците на седницата да донесат одлука во интерес на граѓаните на Општина Валандово – порачуваат од „Спас за Валандово“

Од Иницијативата предупредуваат дека ако советниците се обидат да ја заобиколат волјата на граѓаните, како што велат, ќе пристапат кон радикални чекори со организирање протести, блокади на патишта и други демократски инструменти кои им се на располагање.

Мандатот на локалната самоуправа истекува на 15 мај, во понеделник.

Извор:Нова Македонија

Партнери на Правдико