Референт за сеча во Охрид неовластено издавал фиктивни испратници за превоз на огревно дрво | Правдико

Правдико

   

Референт за сеча во Охрид неовластено издавал фиктивни испратници за превоз на огревно дрво

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А. Ѓ. (31) од селото Лешани, општина Дебарца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето.

Тој, во текот на оваа и минатата година, во својство на референт за сеча и дотур во ЈП „Македонски шуми“ – „Шумско стопанство“ – Охрид, неовластено издал 16 фиктивни испратници за превоз на буково огревно дрво, кои при контрола не се пронајдени и заверени.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико