Регионална конференција на Студенти за слобода – Македонија во Битола
© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Студенти за слобода Македонија и Европски студенти за слобода ве покануваат на нивната прва регионална конференција, која ќе се одржи на 21ви Октомври, на Технички – факултет во Битола.
Конференцијата започнува во 12 часот, предвидени се 4 предавања во врска со политичките аспекти на слободата, заштита на приватни податоци, легализација на канабисот и односот помеѓу слободата, новинарството и медиумите, а завршува во 6 и 30 часот. За време на конференцијата, пред конференциската сала предвиден е собир на невладини организации, кои ќе имаат свој простор да им го објаснат своето делување на заинтересираните учесници. По завршувањето на конференцијата, неформалното дружење продолжува во локалот Порта Џезз, од 9 часот, проследено со актерски, цртачки и диџеј перформанс.
Влезот на конференцијата е бесплатен, предвиден е ручек на една од паузите, пијалок на неформалното дружење. Конференцијата ќе се одвива на англиски јазик.
Пријавете се на следниот линк:
(https://www.esflconferences.org/event/bitola-regional-conference/
Студенти за слобода – Македонија (https://www.facebook.com/sfl.macedonia/) претставуваат огранок на Европски студенти за слобода, формирани во 2013 година на Правниот факултет во Битола. Целта им е промоција на индивидуалната слобода како вредност помеѓу студентите, како и нивно вмрежување и учество во студентскиот слободарски активизам. Позначајни делувања на студентите се преводи на 3 книги од англиски на македонски јазик, заедно со нивна промоција, 3 лидерски форуми, различни предавања, дискусии и слично.
Европски студенти за слобода (https://www.studentsforliberty.org/europe/) претставува мрежа на децентрализирани ограноци на студентски групи низ Европа, која обезбедува ресурси за нивното делување и претставува форум за нивна дополнителна соработка. Доколку сакате да станете дел од истата, и да учествувате активно во промоцијата на индивидуалната слобода, пријавете се за Локален координатор на Европски студенти за слобода на следниот линк – https://www.studentsforliberty.org/2017/01/26/sfleurope-local-coordinator-program/).