Регионална конференција: „Реформа на кривичното процесно законодавство“ | Правдико

Правдико

   

Регионална конференција: „Реформа на кривичното процесно законодавство“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

advАдвокатската комора на Македонија, Адвокатска комора на Србија, Адвокатската комора на Босна и Херцеговина, Адвокатската комора на Албанија и Адвокатската комора на Косово имаат чест да Ве поканат на Конференцијата „Реформа на кривичното процесно законодавство“ што на 6 јули 2016 година, со почеток од 12:00 часот (регистрација на учесници на Конференцијата – 11.30 -12.00ч), ќе се одржи во Хотелот „Мериот“ во Скопје.

Конференцијата е дел од проектот „Реформа на кривичното процесно законодавство“ имплементиран од страна на адвокатските комори од регионот со поддршка на Балканската регионална мрежа за владеење на правото (BRLLN), УСАИД,  Американската адвокатска комора – Иницијатива за владеење на правото и „Партнери Србија“.

На Конференцијата ќе бидат презентирани резултатите од проeктот, чија цел е идентификување најголемите и најчестите проблеми во однос на процесната позиција на одбраната во регионот, како и залагање за подобрувањa во оваа област и de jure и de facto преку размена на искуствата во интерес на обезбедување на еднаквост на страните и оружјето. Крајната цел е отворање на дијалог за неопходните промени во кривичното-процесно законодавство на земјите во регионот.

Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: lawyermk@mba.org.mk до 3 јули 2016 година.

Препорачуваме

Партнери на Правдико