Регионална конференција за перење на пари и истраги поврзани со корупција | Правдико

Правдико

   

Регионална конференција за перење на пари и истраги поврзани со корупција

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

corruptionРегионалниот ИПА 2010 проект за “Борба против организираниот криминал и корупцијата: јакнење на јавно-обвинителската мрежа” во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители и Германското друштво за меѓународна соработка ГИЗ кое заедно со Центарот за меѓународна правна соработка – CICL се задолжени за имплементација на Проектот, организира дводневната обуката за перење на пари и истраги поврзани со корупција, која ќе се одржи во хотел „Арка’, Скопје на 05 и 06 март 2014 година, со почеток во 9:00 часот. 

 На регионалната конференција ќе присуствуваат јавни обвинители и инспектори од Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово  кои секојдневно работат на ваков вид истраги

Целите на Регионалната конференција се:

  1.  Да се подобри толкувањето на Договорите и Конвенциите за време на меѓународните истраги и судења, за да се добијат докази и да се конфискуваат криминалните добра.
  2. Да се добие познавање за развојот со полето на перење пари на меѓународно ниво;
  3. Да се истражат стратегиите кои се достапни на полицијата и обвинителите за време на истрагата и судењето .
  4. Да се разменат искуства и техники помеѓу учесниците.

Во фокусот на Регионалната конференција ќе бидат следните теми: Договори, Конвенции за перење пари и корупција во Европа и пошироко; ФАТФ и МАНИВАЛ и нивните извештаи; Меѓународна правна соработка; Развој во меѓународното право; Стратегии за истраги и судско гонење на сложени финансиски случаи, кои пред присутните ќе ги презентираат странски експерти од ЕУ.

Со воведно обраќање до присутните Регионалната конференција ќе ја отворат: Г-а Саскиа Де Вриес и г-а Габриеле Валентич, јавни обвинители од ЕУ; г-дин Марко Зврлевски, Јавен обвинител на Република Македонија и г-а Анета Арнаудовска, Директор на академијата за судии и јавни обвинители.

Агендата согласно која ќе се одвива регионалната конференција можете да ја преземете ТУКА

Извор : Академија за судии и јавни обвинители

Партнери на Правдико