Регионот работи на решавање на прашањето на правно невидливите лица | Правдико

Правдико

   

Регионот работи на решавање на прашањето на правно невидливите лица

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Обезбедувањето документи за лична идентификација значи дека на сите граѓани им се обезбедуваат исти права и можности, се согласуваат официјалните претставници и експертите.

IVANAphoto

Со поддршка на ЕУ, Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР), земјите во регионот ги идентификуваат и регистрираат „правно невидливите лица“ и им издаваат документи за лична идентификација.

Оние што не се внесени во матичните книги на родени и живеат без основни документи не можат да ги остварат основните човекови права, како што е пристапот до здравствена заштита, социјална помош и правото на глас.

Овој проблем е последица на конфликтите во регионот, миграцијата, тешките социјални и економски услови и транзициските промени. Најголем дел од овие граѓани се Роми.

Според УНХЦР во Србија, 107.000 документи за лична идентификација им се издадени на ромските граѓани во Србија од 2007 година. Во државата живеат околу 8.500 правно невидливи лица.

„Со решавање на ова прашање, Србија ја покажува својата посветеност на заштитата на човековите и малцинските права. Тоа е значаен чекор“, рече Давор Рако, претставник на УНХЦР во Србија.

„Србија [воспоставува] на национално ниво основа за потесна соработка, координација, планирање и реализација на мерките за обезбедување непосредна помош за регистрирање на ромското малцинство. Унапредени се обуките за судии, матичарите, вработените во социјалната и полициската управа со цел да се работи со овие луѓе. Обезбедена е бесплатна правна помош, како и јавна медиумска кампања со цел да се помогне овој процес“, рече заSETimes Јасмина Бенмансур, заменик-министер на државната администрација.

Таа додаде дека е подобрена и законската рамка, со што сите неопходни административни и судски постапки се ослободени од данок.

Лора Видовиќ, народен правобранител во Хрватска, рече дека напорите за помош на правно невидливите лица треба да ги опфатат оние што го изгубиле својот статус за време на конфликтите во 90-тите години.

„Ова прашање е од клучна важност бидејќи лицата кои немаат регулиран статус на државјанство не можат да учествуваат во политичкиот и општествениот живот“, рече Видовиќ за SETimes. „Поради тоа, овие лица претставуваат исклучително загрозена група и решавањето на нивниот статус претставува прв чекор во остварувањето на нивните човекови права.“

Аналитичарите, исто така, велат дека ранливоста на оваа група ги прави лесна цел за регрутирање од страна на екстремистичките групи. Експертите велат дека решавањето на ова прашање е, исто така, важно за патот кон пристапувањето во ЕУ и регионалната безбедност.

„Елиминирањето на дискриминацијата е основата на интеграцијата во ЕУ“, рече за SETimes Оливера Павичевиќ, соработник во Институтот за криминолошки и социолошки истражување. „Лице кое нема лична карта ги нема истите права и можности. Многу е важно да се реши ова прашање и на сите граѓани да им се обезбеди институционален идентитет.“

Орхан Драгаш, директор на Институтот за меѓународна безбедност, рече дека луѓето кои немаат документи за лична идентификација може да се сметаат за безбедносна и насилна закана.

„Ако нема документи за лична идентификација за лицата кои извршиле кривично дело, постојната криминалистичко-разузнавачка база на податоци [отпечатоци од прсти, ДНК и други методи на лична идентификација] не е достапна“, рече Драгаш за SETimes.

Извор: SETimes

Препорачуваме

Партнери на Правдико