Регистрирани 24 нови случаи на коронавирус во земјата | Правдико

Правдико

   

Регистрирани 24 нови случаи на коронавирус во земјата

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 24 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (15), Куманово (4), Дебар (2), Охрид (1), Штип (1), Тетово (1). Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 201 лица.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
– Скопје (123)
– Дебар (43) од кои 2 починати
– Куманово (15) од кои 1 починат
– Штип (8)
– Велес (3)
– Охрид (3)
– Кавадарци (2)
– Прилеп (2)
– Гостивар (1)
– Тетово (1)

Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се испишани 2 пациенти кои на два контролни теста на Ковид-19 имаа негативен резултат. Пациентите се во добра здравствена состојба и се пуштени на домашно лекување. Со ова во земјата досега има 3 излекувани пациенти и 3 починати.

Препорачуваме

Партнери на Правдико