Регулаторна треба да ја објави новата цена на струјата
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да ја објави одлуката за новата цена на електричната енергија.
Комисијата вчера одржа подготвителна седница, на која детално се разгледуваа трошоците на енергетските компании ЕЛЕМ, ЕВН и МЕПСО, од што зависи дали цената на струјата ќе се зголеми или не.
Она што за сега е познато е дека трошоците за увоз на струја се намалени, но сепак крајната одлука ќе зависи и од останатите трошоци на енергетските компании.
Неофицијално, државната ЕЛЕМ има побарано цената на нивната услуга да се зголеми за 10 %. Сепак финалната одлука ќе зависи и од расходите што ги имаат пријавено и ЕВН и МЕПСО.
Новата одлука за цената на струјата ќе важи од утре.
Извор: 24Вести