Регулирана сметководствена професија за заштита на компаниите | Правдико

Правдико

   

Регулирана сметководствена професија за заштита на компаниите

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Комората на сметководители на Македонија спроведе низа активности во насока на подобрување на квалитетот при вршењето на сметководствените работи со цел регулирање на професијата и заштита не само на компаниите кои се занимаваат со оваа дејност, туку на сите останати компании корисници на услугите. Претседателот на Комората на сметководители на Македонија, Драган Митковски истакна дека веќе се направени сите чекори за подигнување на позицијата на сметководствената професија во нашата земја.

– Неопходно е обезбедување на соодветен квалитет при изготвувањето на финансиските извештаи и правилна примена на прописите од областа на фискалната политика на државата. Познато ни е на сите од каква важност се сметководствените извештаии и тоа како за корисниците на нашите услуги така и за општествената заедница, државата, банките и инвеститорите. Станува збор за склоп и успешно функционирање на сите чинители во насока на подигнување на стандардите за работа, како и расчистување со нелојалната конкуренција која го спушти нивото на сметководствената фела – изјави Митковски.

– Прецизирање на минималните надоместоци за вршење на книговодствени услуги значи гаранција и заштита за нас како сметководители, како и за останатите компании како крајни корисници на нашите услуги. Со воспоставување прецизни правила на пазарот за давање услуги кон клиентите  ќе дојде до намалување на нелојалната конкуренција, ќе се прецизираат критериумите, цената и правилата за подигнување на ниво и на квалитет како гаранција за сработеното. Така ќе бидат заштитени сите засегнати страни – изјави Раденковиќ, генерален менаџер на „Раденковиќ EМ“.

– Треба да се истакне дека години наназад, во отсуство на Законска регулатива, нелојалната конкуренција односно работењето на сметководство во општо земено импровизирани услови ги рушеше и цените на регистрираните компании. Значи севкупното усовршување на професијата Сметководител како и на дејноста Сметководство беше речиси неопходно да се регулира и поради потребата од нејзино константно подобрување и на содржината и на квалитет- изјави Грозданов.

Со стапувањето на сила на Тарифникот, за висина на минимални надоместоци за вршење на книговодствени услуги од 1 јули годинава лицата кои нерегистрирано вршат дејност, сега ќе треба да го регулираат своето работење согласно Законот за забрана за вршење на нерегистрирана дејност и Законот за вршење сметководствени работи.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико