Рекол дека ќе им продаде дрва за огрев, им ги зел парите и побегнал
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Педесет и шестгодишна скопјанка пријавила во полиција дека непознат сторител ја измамил неа и нејзиниот сопруг, кажувајќи им дека продава дрва за огрев и дека ќе им ги покаже да ги видат. Откако се согласиле, измамникот и заинтересираниот купец тргнале да ги видат дрвата, но попат сторителот му ја кажал локацијата на дрвата и му рекол да оди, а дека тој ќе дојде.
Веднаш потоа, измамникот се вратил во нивната куќа и на жената ѝ рекол дека дрвата веќе се сечат и се товарат и ѝ побарал 7 500 денари. Откако ги зел парите, заминал во непознат правец. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Извор: Макфакс