Рекордни казни за банките кои манипулирале со девизниот курс | Правдико

Правдико

   

Рекордни казни за банките кои манипулирале со девизниот курс

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Четири големи банки ќе платат глоба во износ од 2,5 милијарди долари, и ќе се прогласат за виновни за манипулирање со глобалниот девизен пазар од 2007 година, според спогодбата постигната со Министерството за правда на САД.

barclays_2353212b

Банките Џеј-Пи Морган Чејс (JPMorgan Chase), Ситигруп (Citigroup), Баркли (Баркли) и Кралската банка на Шкотска (Royal Bank of Scotland – RBS) се здружиле меѓу себе да го менуваат курсот на доларот и еврото, со кои се тргува на глобалниот  девизен пазар, се наведува во спогодбата помеѓу банките и Министерството за правда на САД, пренесува Бета.

Дилерите со странски валути наводно споделувале информации со клиентите преку виртуелни простории за разговор и ги користеле тие информации за да се направи профит. Овие криминални активности се случувале во периодот од декември 2007 до јануари 2013 година, се наведува во спогодбата. Уште една банка банка УБС, се согласи да даде признание за манипулацијата со основната каматна стапка и ќе плати посебна парична казна од 203 милиони долари.

Банките минатата година биле заедно казнети со 1,4 милијарди долари поради учество во криминалната шема.

Американскиот јавен обвинител Лорета Линч изјави дека речиси секој ден во период од пет години, од 2007 година, трговците со девизи користеле приватни чет канали со цел да се манипулира со девизниот курс. Со нивните постапки се оштетени голем број на клиенти, инвеститори и институции низ целиот свет, рече таа.

Регулаторните тела изјавија дека помеѓу 2008 и 2012 година, неколку трговци формирале картел и користеле посебни соби за разговор за да манипулираат со цените во своја корист. Членовите на картелот биле свесни за профитот кои можеле да го направат.

Се смета за успех постигнатата спогодба и изјаснување на банките со признавање на вина, затоа што претходно во истрагите банките не сакале да се изјаснат за учеството во ваквите криминални шеми.

Препорачуваме

Партнери на Правдико