Репортери без граници: Земјава на 95. место според слобода на медиумите | Правдико

Правдико

   

Репортери без граници: Земјава на 95. место според слобода на медиумите

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Северна Македонија е на  95. место според последниот светски индекс за слободата на медиумите на Репортери без граници (РСФ), со што бележи скок  од 14 места на листата во споредба со лани кога беше на 111 место.

Главна забелешка на Репортери без граници е состојбата во јавниот сервис, МРТВ, каде владата сѐ уште не спровела реформи. „Иако ситуацијата се стабилизираше во 2018, новата влада сѐ уште не го изменила Законот за јавниот радиодифузер, спротивно на она што го најавуваше во 2017“, забележува организацијата.

Во последниот извештај се додава дека „засега програмата на јавниот сервис продолжува да ги служи интересите на поранешната владејачка конзервативна партија, ВМРО-ДПМНЕ“.

Иако не се регистрирани напади врз новинарите во текот на минатата година во Македонија и безбедноста на новинарите бележи значителен напредок, Репортери без граници предупредуваат дека културата на неказнивост продолжува да владее во земјата. Само два од 59 регистрирани напади врз новинари во последните години биле предмет на истрага и добиле завршница.

Македонија е меѓу последните од земјите во регионот. Зад нас се Црна Гора (104 место) и Бугарија (111 место). Неколку места пред Македонија е Србија, која е на 90 место, и која годинава бележи пад од цели 14 места. Албанија е на 82 место на ранг листата, Косово на 75 место, Грција на 65-то, Хрватска на 64-то, а Босна и Херцеговина на 63 место.

Најслободно новинарите можат да работат во Норвешка, која како и минатата година е на првата позиција, потоа следуваат Финска и Шведска. Последни на листата на слобода на печат годинава се Еритреја, Северна Кореја и Туркменистан, која бележи пад за две места и сега е на последното 180. место.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико