Републиканците прифаќаат истрага за хакирањето на изборите во САД | Правдико

Правдико

   

Републиканците прифаќаат истрага за хакирањето на изборите во САД

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

13122016104237_web_paul_ryanПретседавачот на Претставничкиот дом на американскиот Когрес, Пол Рајан и лидерот на републиканското мнозинство во Сенатот, Мич Меконел изјавија дека подржуваат истрага за да се утврди дали руски хакери биле вмешани во американските избори.

На својата страница на Твитер, Рајан објави дека „какво било странско мешање во изборите во САД е неприфатливо“.

Сенаторот Меконел го подржа ставот на Рајан, додавајќи дека „треба да се испита што се случувало“.

– Повредувањето на американската кибер безбедност е загрижувачко и јас осудувам какво било таков обид – изјави Меконел, додавајќи дека „Русите не се наши (американски) пријатели“.

Пол Рајан, кој важи за еден од водечките републикански политичари, смета дека истрагата е неопходна за да се расчистат работите, но тој забележува дека американските разузнавачки агенции не би смеело да се користат за „партиски потреби“.

Ваквата реакција на Рајан доаѓа по обвинувањето што новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го упати за сметка на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), по нејзиното тврдење дека „целта на Русија со хакирањето, била да му се помогне на Трамп на изборите“.

Во својата изјава на Твитер, Трамп го оцени соопштението на ЦИА како „политички мотивирано“, иако во октомври и Федералното истражно биро (ФБИ) објави дека верува оти зад хакерскиот упад во американската Демократска партија стои Русија.

Трамп и неговиот тим за транзиција ги отфрлаат ваквите наоди како „бесмислени“, но освен демократите и се поголем број републиканци сметаат дека станува збор за загрижувачки настани кои мора да бидат детално истражени.

Група сенатори од двете партии, претходно се огласија со заедничко соопштение во кое велат дека „руското мешање во изборите во САД, претставува алармантна ситуација за секој Американец“.

Сенаторите Чак Шумер, кој е новиот лидер на демократското малцинство, републиканците Џон Меккејн и Линзи Греам, како и демократот Хари Рид, кој е член на сенатскиот Комитет за вооружените сили, заеднички побараа да се испитаат наодите на разузнавањето дека руски хакери помагале Трамп да ја победи Хилари Клинтон.

Хакерскиот упад во штабот на Демокртската партија во текот на изборната кампања и податоците што од таму се најдоа на Викиликс, им наштетија на демократите и на нивниот кандидат Клинтон, предизвикувајќи темелно протресување на изборната кампања.

Доналд Трамп победи уверливо во електорското гласање, добивајќи 306 електорски гласови (за победа се потребни 270), но Клинтон освои 2,8 милиони гласови повеќе од новоизбраниот претседател.

Извор:Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико