Ресенчанец испраќал пораки дека има бомби на повеќе локации во Охрид
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Четириесет и шестгодишен ресенчанец е осомничен дека испраќал пораки во кои лажел дека на неколку локации во Охрид има поставено бомби.
Против него е поднесена кривична пријава за загрозување на сигурноста и лажно пријавување кривично дело, а судот му определи притвор.
„СВР Охрид поднесе кривична пријава против З .И. (46) од селото Горно Крушје, Ресенско. Пријавениот во два наврата во текот на јули, преку мобилен телефон, испратил повеќе СМС-пораки со лажна дојава дека биле поставени експлозивни средства на повеќе локации во Охрид“, соопшти МВР.
Извор: Макфакс